Како што изјави командирот на ТППЕ, Благој Ренџов, пожарот бил пријавен околу 11:30 часот на бројот 112, по што е интервенирано со две противпожарни возила и седум пожарникари.
Веднаш рагирала и Итна медицинска помош.
„Во 11:30 часот на бројот 112 беше пријавена запалена куќа. Интервениравме со две возила и седум пожарникари по што огнот беше локализиран“, рече Ренџов според кој, опожарена е само една просторија од куќата, а причинета е исклучиво материјална штета.
Штипските пожарникари интервенираа и вчера попладне по пријава за пожар во куќа каде, исто така, беше причинета само материјална штета.






