„Таравари е тој кој треба да расчисти со дилемите Вреди или соработка со ДУИ. Ние сметаме дека таа соработка би била неприродна. Коалицијата беше формирана за да ги победиме ДУИ. На локалните избори планираме да настапиме со заеднички листи, заеднички кандидати, заедничка програма и платформа, а ако треба некаде ќе поддржиме и независен кандидат. Нема смисла секој сам да оди на локалните избори. Сите политички аргументи кажуваат дека треба да се оди со заеднички листи на Вреди, со еден кандидат, една листа, една програма…“, изјави Меџити.
На прашањето за можна реконструкција на Владата Меџити рече дека за тоа треба да се проценат аргументите за и против и дури потоа да се донесе одлука.