Одлуката за строга забрана за капење во објектите на хидросистемот е донесена поради опасност по живот од нагло полнење и празнење на системот и опасност од вшумукување во цевководот.
Од ЈП Стрежево – Битола во соопштението до јавноста нагласуваат дека нема да одговораат за евентуални несреќи, повреди или последици кои може да настанат од непочитување на строгата забрана за капење и пливање во акумулацијата Стрежевско Езеро.






