сабота, 4 април 2026

Избувнаа два нови пожари во Кратово и Старо Нагоричане

На територија на државата има четири активни пожари, на планината Серта и во општините Македонски Брод, Кратово и Старо Нагоричане, информира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека повторно се разгоре дел од пожарот на планината Серта, на кракот зад воениот полигон Криволак во правец на реката Брегалница, во атарот на напуштеното село Црешка. Со пожарот е зафатена поголема површина, а горат трева и грмушки и постои опасност пожарот да премине од другата страна на реката.

„Од тие причини на локалните пожарникари, кои го гаснат овој пожар и на десетина ловци од Ловечкото друштво од Штип, денеска како засилување испративме 25 припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР и два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Наша цел е денеска повторно да го ставиме под контрола овој пожар, кој зафаќа сува вегетација“, потенцира Ангелов, додавајќи ветерот прави дополнителни проблеми.

Тој информира дека веќе неколку дена има пожар во општина Македонски Брод, кај ловиштето Јасен, кој е делумно под контрола и во неговото гаснење се вклучени вработени во Јавното претпријатие Јасен.

„Во текот на денешниот ден изби уште еден пожар на територија на Кратово, во атарот на село Татомир. Во гаснењето се вклучени локални пожарникари со тим од Национали шуми. Четвртиот пожар е на територија на општина Старо Нагоричане, во атарот на село Степанце. На локалните пожарникари им помага и месното население“, изјави Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ