недела, 14 декември 2025

Изборот на нов претседател на Советот на јавни обвинители одложен за по изборите

Советот на јавните обвинители (СЈО) денеска ја одржа 28-та седница на која донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи додека траат локалните избори, така што до изборот на нов претседател со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Под точка разно, се вели во соопштението по седницата, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се осврнал на проблемите со кои се соочува обвинителството, со недостиг на јавнообвинителски кадар, јавнообвинителски службеници, како и финансиски средства за нормално функционирање на јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ