вторник, 9 декември 2025

ИВЗ на Македонија поканила самопрогласен поглавар на „Косовска црква“

На отворањето на нова џамија во Струшко Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ) го поканила Никола Џуфка, самопрогласен поглавар на т.н. Автокефална православна црква во Косово, пишува Религија.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Свеченоста во струшкото село Татеш се одржала на 3 август во присуство на поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул-улема Х. хафиз Шаќир еф. Фетаи, генералниот секретар Х. Ирсал еф. Јакупи, муфтиите на Скопје, на Тетово, на Штип, на Охрид и други претставници на ИВЗ.

Џуфка не е признаен како легитимен епископ од ниту една црква во православниот свет, дури ни во Албанската. Самопрогласениот архиепископ на православните Албанци на Косово често во црквите носи шалови со мотиви од „голема Албанија“, па дури и олтари и други делови од црквите ги украсува со такви знамиња, како што може да се види од неговиот профил на Фејсбук.

Албанскиот државјанин од Елбасан беше прозван од Албанската православна црква (АПЦ) дека лажно се преставува како свештеник. Косовскиот писател и политичар Ветон Сурои го нарече однесувањето на Џуфка „феномен на лажни пророци, познат уште од библиските времиња, кој во последно време добива нова димензија на Косово и во Албанија, предизвикувајќи тензии во етничко-религиските односи во регионот“, пишува Религија.мк.

Сурои додава дека неговото делување претставува прекршување на црковните канони, како и на косовското законодавство, кое јасно ја признава Српската православна црква како сопственик и корисник на верски објекти кои Џуфка насила ги присвојувал за својата „црква“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ