недела, 8 јуни 2025

Ивановски: Сега и веднаш да се забетонираме на мапата на карго Европа

Почетокот на геолошките активности и истражувања за новата брза пруга од Гевгелија до Табановце ќе почне во септември, најави денеска за ТВ Сител Синиша Ивановски, директорот на ЈП ЖРСМ инфраструктура и претседател на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт.

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека Владата планира да набави брзи возови кои ги задоволуваат европските стандарди и образложи како ќе се движат и на кои станици би застанувале патничките возови.

„Брзите возови се одговорност на МЖ транспорт, мора да се набават возови, локомотиви кои ги задоволуваат тие стандарди и тоа Владата го планира. Постоечката пруга ќе се реконструира целосно, ќе ја искористиме трасата да овозможи возовите да се движат до 160 км на час. Ќе се направи уште една паралелна пруга која ќе се користи и за товарен сообраќај и за патнички сообраќај. Ќе имаме и конектори, Скопје сигурно ќе го поврземе, аеродромот Петровец, ќе се поврзе и Велес и Гевгелија, а во втора фаза ќе пуштиме дел и кон Кочани, Штип… да има можност луѓето да доаѓаат до овие централни станици на кои ќе можат да се качуваат за меѓународен сообраќај“, рече Ивановски.

Тој наведе дека се гради по европски стандарди, кои ќе овозможат брз и ефикасен транспорт.

„Ќе се гради според европски стандарди. Од тоа нема отстапување. Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт. Нашата позиционираност е како да искористиме, сега и веднаш да се забетонираме на мапата на карго Европа. Ако ние тоа не го направиме, во економијата нема слободен простор“, вели Ивановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ