сабота, 13 декември 2025
Локални избори 2025

Ивановска: Ѓраѓаните мора да отворат очи

Ѓраѓаните мора да отворат очи, оти како тргнала работава на градоначалниците во кампања излегува не ме гледајте што правам, слушајте ме што зборувам, а секој прави тоа што му се дозволува, напиша кандидатката за градоначалник Општина Центар од Независни заедно и поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска на својот фејсбук профил.

Објавено на

часот

Сподели

Споделувајќи статус на независната советничка во Град Скопје, Јана Белчева Андреевска, Ивановска упатува на состојбата со градењето во Општина Центар на 160 активни градилишта во општината.
„Ова се тротоарите на дел од 160 активно градилишта во Центар по кои се движат луѓето, посебно децата. Важат принципите, ‘важно се гради’, ‘луѓето можат и по коловоз’, ‘никој ништо не ни може’, ‘инспекција и онака нема’, ‘надзор?!, што е тоа’…..
Кој е одговорот на прашањата: Чии интереси се штитат вака? Дали достоинството на луѓето и заштитата на децата наместо приоритет вака свесно се жртвуваат?“, напиша Белчева Андреевска, а пренесе Ивановска.
Ивановска уште го сподели статусот на Независни заедно поврзан со изградбата на згради кај поранешната фабрика Треска во центарот на Скопје.
Според нив, вистината за градбите кај Треска е сосема различна од онаа што официјално ја претстави Општина Центар. Од Независни заедно тврдат дека планот кој се релизира на 30.000 метри кавадратни (м2) не соодветствува со Генералниот план за градот (ГУП), па наместо 1.500 жители на локацијата ќе може да се населат повеќе од 5.000 жители.
„При подготовка за градба се исечени 105 дрва кои градби со подземни нивоа не можат да се надоместат. Градоначалникот потенцира дека не продава државно земиште, а за реализација на планот приватизирани се неколку илјади квадрати државно земјиште. На местото каде по планот е предвидено јавно зеленило од 7.000м2 се наоѓаат објекти од 2.000м2 корисна, но легализирана површина кои Општината треба да ги откупи за да го реализира единственото зеленило. 1.200м2 од тие објекти се во соственост на инвеститорите на Треска кои дополнително можат да се офајдат со дополнителни 960.000 евра. Обидот тоа да се избегне иницирано од Шанса за Центар во актуелниот момент не беше подржано од градоначалникот“, велат од Независни заедно.
 
Оттаму додаваат дела награденото решение на конкурсот за Треска „го ревидираше планот согласно генералниот план, со тоа го заштити јавниот интерес и ги отклони добар дел од неговите недостатоци“.
„Правото на градба на приватниот имот не им беше одземено на инвеститорите туку беше регулирано да се одвива според правилата на Урбанистичко планиранье. За конкурсот не се залудно потрошени пари. Напротив. Конкурсот беше доказ дека ако се направи триаголник на соработка, политичари со визија и со примарна цел јавниот интерес, ангажман на докажани стручни и професионални лица и соработливи инвеститори флексибилни за договор и свесни за јавниот интерес, а не само алчни, е тогаш може да се менува развојот на просторот. Но укинувањето на конкурсот на Треска еднострано и незаконски од градоначалникот е доказ како политичката моќ не се користи за одбрана на јавниот интерес“, велат од Независни заедно, а сподели Ивановска.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ