На новинарско прашање поврзано со случајот со актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која минатата недела се најде на листата осомничени во случајот „Адитив“ поради оддавање службени тајни на друг обвинет во случајот, Ивановска вели несомнено е нанесен тежок удар врз општеството, граѓаните и институцијата, нагласувајќи дека не е момент да се седи со скрстени раце.
Според Ивановска, на потег сега е законодавниот дом пред кого одговараат и претседателката и членовите на Антикорупциската комисија.
„Се случило што се случило, сега треба да гледаме како понатаму, значи треба да се бара чаре. На потег е Собранието, кои механизми може да ги преземе, што може самата институција да направи од аспект на самопроценка на ризици од корупција. Ние сме правеле и претходно во насока на зголемување на интегритетот на таа институција, имаме регистар со ризици од корупција и мерки како тие да се надминуваат. Тоа треба сега да се преиспита, да се види кои се високите ризици, со какви контроли треба да се покријат и така натаму“, рече Ивановска.