„Ние сме конструктивни во овој процес и нашиот претставник ги има сите инструкции и информации што ние како државен врв сме му ги дале. Остануваме доследни на процесот, укажуваме на нашата конструктивност и очекуваме и другата страна да биде конструктивна“, изјави Иванов.
Тој вели дека иако во јавноста можеби се создава поинаква перцепција за разговорите поради подолгиот застој, процесот треба да се гледа во целина.
„Овој застој од подолг период можеби прави некои поинакви сфаќања, но согледајте го целиот процес во целина. Веќе две децении се одвива тоа и секогаш ние сме тие што иницираат, секогаш да се дојде до решение затоа што тоа нам ни треба. Другата страна не е толку заинтересирана да се дојде до решение поради нивната актуелна состојба“, изјави претседателот Иванов.