сабота, 12 јули 2025

Иван Куковски се повлекува од ЕСМ, Александар Мурговски е нов претседател

Досегашниот претседател на Надзорниот одбор, Иван Куковски, се повлекува од функцијата поради идни професионални ангажмани, соопштија од компанијата.

Објавено на

часот

Сподели

 

АД ЕСМ изразува огромна благодарност до Куковски за неговиот досегашен ангажман и исклучителен придонес во работата на компанијата. Неговата посветеност, стручност и лидерство беа од клучно значење не само како претседател на Надзорниот одбор, туку и како потврден професионалец кој изминатите децении остави траен белег во развојот на македонскиот енергетски сектор. Неговата визија и искуство беа инспирација за многумина, а неговиот придонес ќе остане влијателен за идните генерации. Му посакуваме многу успех во новите професионални предизвици и лични потфати, наведуваат од компанијата.

На чело на Надзорниот одбор стапува досегашниот член, Александар Мурговски, на којшто од компанијајта му посакуваат успешна и посветена работа и ефикасно менаџирање со Надзорниот одбор во претстојниот период.

-Веруваме дека неговото богато искуство и длабинско познавање на енергетскиот сектор ќе придонесат за натамошен раст, стабилност и развој на АД ЕСМ, како и за успешно справување со идните предизвици во енергетскиот сектор, додаваат од АД ЕСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ