вторник, 3 февруари 2026

Иуте го лансираше Иуте афинити – за целосно дигитални осигурителни решенија

Во прилог ви го испраќаме официјалното соопштение за медиуми за лансирањето на Iute Affinity – нова групациска подружница на Иуте посветена на целосно дигитални осигурителни решенија и оперативна поддршка.

Објавено на

часот

Сподели

Со основањето на Iute Affinity, Иуте прави значаен стратешки чекор кон интегрирање на осигурувањето како природен дел од своето дигитално банкарско искуство и нудење на целосно дигитални осигурителни решенија.

Наместо осигурувањето да биде посебен производ, преку Iute Affinity тоа ќе биде вградено директно во MyIute супер-апликацијата и поширокиот екосистем на Иуте, овозможувајќи поедноставен пристап, побрзи процеси и подобро корисничко искуство.

Iute Affinity ќе функционира како дигитална платформа која соработува со водечки меѓународни осигурители како Allianz Partners, SIGAL и MediGuide, а во првата фаза ќе се фокусира на унапредување на дигиталното преземање ризик, автоматизацијата на штети, превенцијата од измами и напредна аналитика на податоци.

Долгорочната визија на Iute Affinity е да стане водечка платформа за осигурителни решенија која ќе ги поддржува не само групациските активности и корисници, туку и платформи, даватели на услуги, производители, онлајн трговци и други играчи кои сакаат да вградат осигурување во сопствените кориснички патувања

Ова лансирање е голем чекор напред за Иуте и уште една потврда дека растеме како иновативна, дигитална и клиентски ориентирана група.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ