Според информации од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово, сите пожарникари се на терен, заедно со Шумската служба Малешево од Берово и Пехчево.
Пожарот се шири брзо кон Градишчето и Трсавица, а доколку не се стави под контрола веднаш, може да предизвика сериозни последици поради густата брица која е присутна во овој регион.
„Сите граѓани кои можат да помогнат, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот заедно со пожарникарите и да придонесат за спречување на ширењето на огнот“, се вели во апелот на Пекевски.
Пожарот во Берово е единствениот активен од 12-те регистрирани денеска на територијата на државава заклучно со 21 часот, според податоците од Центарот за управување со кризи.






