Задачата да ја утврди националноста на жителите во овие села му била доверена на италијанскиот генерал Енрико Телини, пишува на ФБ страницата за општество клутура Macedonia : a True Endless Story …
Откако ја истражил ситуацијата на терен, Телини преку италијанското претставништво во Драч го известил Министерството за надворешни работи во Рим на 2 август 1923 година дека жителите во селата се идентификуваат како Македонци, а не Бугари. Телини пишува:
„При карактеризирањето на овие села, нарочно го користев општиот апелатив македонски, а не бугарски, бидејќи насекаде кога жителите ќе ги прашав за нивната националност одговараа Македон, и кога ќе додадев Бугар, тие повторно одговараа Македон“.
Овој и слични историски документи јасно укажуваат дека македонското име и национална свест опстојале и покрај првобитната забрана на името Македонија (и следствено – името Македонци) од страна на турскиот султан во содејство со европските сили, како и подоцнежните напори да се избрише или происвои името Македонија по нејзината насилна поделба во 1913 година.
Извор: „Италијански дипломатски документи за Македонија“, Државен Архив на Република Македонија, Матица Македонска, Том 1, Книга 1, 1918 – 1924, Скопје 2001, стр. 231, 233.






