недела, 7 декември 2025

Истражна постапка за двајца осомничени од Брвеница за трговија со дрога

Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница денеска донесе Основното јавно обвинителство Тетово за кои постои сомнение дека биле соизвршители во кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Основното јавно обвинителство, на 4 октомври 2025 година, околу 2 часот по полноќ, осомничените пренесувале вкупно 110,31 грама наркотична дрога кокаин.

„Нивниот автомобил ‘бмв’ полицијата го забележала на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на клучката за Брвеница, и бидејќи се движеле нестабилно, со цик-цак движења, полициските службеници им дале сигнал да застанат. Кога подзапреле, едниот осомничен се обидел од под совозачкото седиште да исфрли ќеса со дрога, но полицајците го спречиле во намерата. Освен дрогата, кај осомничените била пронајдена и дигитална вага со траги од кокаин и поголема сума парични средства, односно 206.000 денари и 1.150 евра во различни апоени, кои поради сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога привремено се одземени“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднел предлог за определување мерка притвор за едниот осомничен, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ