недела, 11 јануари 2026
Јавно обвинителство

Истрага за тешката сообраќајка во која загина 79-годишна жена во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело.

Објавено на

часот

Сподели

Од ударот и падот на коловозот жената добила тешки телесни повреди, а осомничениот без да ѝ укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала.

Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на осомничениот да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце.

Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе почне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази и определениот притвор, по него ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување, соопшти Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ