„Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените. Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март 2025 година преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/ кабаре“, информираше Јавното обвинителство.
Истрага против сопственикот на парцелата каде што се наоѓа Пулс, му помагал на газдата да го пренамени објектот во дискотека
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека Пулс против сопственикот на парцелата му помагал на газдата на Пулс да го пренамени објектот во дискотека. Тој е осомничен за соизвршителство во извршување на кривичното дело тешки дела против општата сигурност.

Објавено на
часот