четврток, 25 декември 2025

Истрага против скопјанец за опожарување автомобил

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против скопјанец осомничен за кривично дело предизвикување општа оапсност.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот, на 16 октомври, на улицата Народни херои во Скопје, со бензин предизвикал пожар на паркиран автомобил во сопственост на друго лице. Бензинот го носел во пластично шише, го полеал автомобилот и го запалил, а со тоа предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Бидејќи постои опасност од бегство, но и веројатност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да биде определена мерка притвор“, соопштија од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ