петок, 16 јануари 2026

Истрага против жител на Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи.

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено држел автомат „стен мкии“  кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум муниција со калибар 9 мм Para соодветна за испалување од тоа автоматско оружје.

„Оружјето и муницијата биле пронајдени во домот на осомничениот, откако неговата сопруга  за тоа ги известила полициските службеници кои дошле во домот по пријава дека осомничениот и се заканувал нејзе и на нивните две ќерки родени 2006 и 2010 година дека ќе ги убие. Најпрво закани упатувал кон жената дека ќе ја запали, а потоа ја искршил покуќнината и со нож им се заканил и на ќерките. Поради ваквите дејствија со кои предизвикал чувство на загрозување и страв кај оштетените, тој е осомничен и за кривично дело – загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ