Осомничените, како што соопшти денеска Обвинителството, заеднички вршеле недозволен транспорт на околу 65 килограми марихуана, а биле откриени на наплатната рампа Стоби, во близина на Градско.
„Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, со автомобил со скопски регистарски ознаки ја пренесувал дрогата спакувана во четири големи црни патни торби. Вториот, 55-годишен жител на Кавадарци, во улога на ‘чистач’ односно претходница со друго возило имал задача да предупреди за евентуални контроли“, се наведува во соопштението.
На наплатната рампа полициски службеници забележале сомнително движење на автомобилот во кој била дрогата, а возачот на даден знак да застане за легитимирање, со голема брзина се дал во бегство кон Градско. Сепак, полицајците успеале да го стигнат и извршиле преглед на возилото каде ја пронашле марихуаната.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.






