На 15 август, во домот на улицата „Борис Бојаџиски” во Скопје, при вршење семејно насилство, таа се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница.
Додека бабата (родена 1938 година) одмарала во една од собите, осомничената влегла во собата и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и ѝ ставила перница врз главата со намера да ја задуши. Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде ѝ биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, особено затоа што постојат очигледни околности кои укажуваат на можност да го повтори делото, односно да го доврши обиденото дело, соопшти ОЈО.






