вторник, 10 март 2026

„Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“ од Иван Џепароски и „Филозофска трибина“ за 70 години Филозофско друштво на Македонија

Седумдесет години Филозофско друштво на Македонија значи многу ентузијазам, првенствено за да може да ја одржиме филозофската дискусија, значи континуитет на овој академски ангажман во рамките на македонската филозофска традиција, која поради тие 70 години може да се каже дека е многу долготрајна и плодотворна.

Објавено на

часот

Сподели

Ова денеска беше истакнато на одбележувањето 70 години постоење на Филозофското друштво, во рамки на кое беа промовирани две изданија испечатени кон крајот на минатата година: „Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“ од академик Иван Џепароски и 38-от број на списанието „Филозофска трибина“.

Еден од промоторите на „Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“, проф. д-р Јасмина Поповска рече дека организираат разни настани и се надеваат дека нема да останат само на нашиот мал круг филозофи, оние кои се занимаваат со филозофијата, туку и пошироко. Затоа, рече, правиме промоции на некои наши изданија, се занимаваме со активности, средношколски натпревари и сакаме да опфатиме што поголема публика, за да може филозофијата да ја одржиме во живот.

„Во оваа наша мала филозофска продукција многу е убаво кога имаме  вакви настани, бидејки многу ретко се случува една ваква историско-филозофска анализа. Се промовира делото ‘Историја на естетиката: од Питагора до Хјум’, од акад. Иван Џепароски. Значи тоа е една ретроспектива на естетичката мисла од Питагора, засновањето на таа таканаречена објективистичка теорија за естетиката и убавината, како број и симетрија и мера и пропорција сè до естетичките превирања до 18 век, односно до Хјум. Се очекува и вториот том за да се заокружи целиот историско-филозофски период од Хјум до денес. Сега го имаме првиот том, кој го опфаќа ова раздобје. Делото ‘Историја на естетиката: од Питагора до Хјум’ е во тираж од 200 примероци“, рече проф.д-р Поповска.

Таа појасни дека професорот Џепароски проникнува низ неколку теории за убавото, убавината, за уметноста и за вкусот и ја вклучува и категоријата за возвишеното преку двајца автори и расправа живо со нив за овие прашања.

Промоторот проф. д-р Вангел Ноневски, пак, рече дека делото „Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“ ги опфаќа идеите на главните фиолозофи- естетичари кои од самите почетоци на западната фиолозофија ги промислувале прашањата поврзани со убавината, уметноста, возвишенотото, сите категории поврзани со естетиката, естетичките категории од самите почетоци од Питагора кој развил една космолошка теорија во филозофијата и естетиката, продолжувајќи со главните протагонисти во антиката, како што се Платон и Аристотел, потоа со средновековната естетика и заклучно со нововековната филозофија и естетика…

За содржините на 38-от број на списанието „Филозофска трибина“ говореше м-р Мариглен Демири.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ