„Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица, вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари“, информираат од Црвениот крст.
За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци, за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.
Од Црвениот крст додаваат дека заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758,00 денари, речиси 1 милион евра.






