„89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Потоа, 3.313.888 денари по мерка 7 – финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство, потоа 1.060.218 денари по подмерка 1.1 – финансиска поддршка за предадена оризова арпа од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2025 година“, соопштија од МЗШВ.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство истакнаа дека приоритет на што се работи е зголемување на конкурентноста и одржливоста на земјоделскиот сектор.






