„Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи“, наведува МЗШВ и нагласува дека останува вистински партнер на оризопроизводителите.
Исплатена државната поддршка на 761 оризопроизводител
Според МЗШВ, се работи за подмерката директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, а максималната количина оризова арпа прифатлива за финансиската поддршка е 8.000 килограми по пријавен хектар.

Објавено на
часот