сабота, 20 декември 2025

ИСОС и Македонската  берза потпишаа Меморандум за соработка 

Унапредување на соработката во работењето од својот делокруг, како и размена на податоци и искуства меѓу двете институции во имплементација на Меѓународните сметководствени стандарди, е главната цел која треба да се постигне со Меморандумот за соработка меѓу Македонската берза за хартии од вредност и Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), што денеска го потпишаа главниот извршен директор на берзата, Иван Штериев и претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Објавено на

часот

Сподели

Меморандумот предвидува континуирана размена на податоци и информации меѓу двете институции,продлабочена билатерна соработка, организирање заеднички обуки за подобрување и усовршување на институционалните капацитети, размена на знаења и искуства, анализа на податоци и други видови анализи, размена на знаења и искуства во имплементацијата на Меѓународните сметководствени стандарди, како и реализација на едукативни, промотивни настани и специјализирани обуки, работилници и конференции на теми од заеднички интерес.

„Македонската Берза за хартии од вредност постојано се залага за унапредување на транспарентноста, отчетноста и примената на меѓународните стандарди во функционирањето на пазарот на капитал. Потпишувањето на овој Меморандум создава рамка за подлабока институционална соработка со ИСОС за размена на податоци и експертиза. Веруваме дека преку заеднички активности ќе придонесеме за повисок квалитет на финансиското известување и поголема доверба на инвеститорите и компаниите во пазарот на капитал“, изјави главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев.

Поздравувајќи го потпишувањето на Меморандумот, претседателката на ИСОС, Весна Прентоска, истакна: „ИСОС континуирано работи на зајакнување на професионалните капацитети на сметководителите, како и на усогласена примена на меѓународните стандарди. Со овој Меморандум воспоставуваме системска основа за размена на знаења и практики со Берзата, што ќе придонесе кон подобар квалитет на финансиското известување и зголемена отчетност. Убедена сум дека ваквите заеднички иницијативи ќе донесат долгорочни придобивки за професијата, како и поголема конкурентност на националната економија“.

Во рамките на овој Меморандум, Македонската Берза и ИСОС ќе реализираат и соработка при организацијата на еден дел од 24та Годишна конференција на Берзата, којашто ќе се одржи од 25 до 27 септември во Охрид. Двете институции ќе соработуваат околу подготовката, реализацијата илогистичката поддршка на панелот со наслов „Пред и после 2025-та – влијанието на ажурираните  стандарди за финансиско известување и ревизија“, кој ќе се одржи на вториот конференциски ден.  Модератор на овој панел ќе биде претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ