Вкупниот деловен обем на групацијата Триглав порасна за 18 проценти, во однос на првата половина од минатата година и изнесува 1.065,3 милиони евра. Овој раст, главно е резултат на зголемувањето на бруто полисираната премија во сегментот Имот.
Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 22 проценти и изнесува 109,6 милиони евра, додека нето резултатот порасна за 21 процент и достигна 91,4 милиони евра.
Комбинираниот количник во сегментите имот и здравство, достигна исклучително поволна вредност од 88,2 проценти (минатата година 90,6 проценти). Профитабилноста од нови склучени договори во сегментот живот, изнесуваше солидни 12,2 проценти (минатата година 14,1 процент).
Капитализацијата на Групацијата на полугодието се движеше во рамките на целниот опсег, поставен меѓу 200 и 250 проценти.
Претседателот на Управниот одбор на заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „Вториот квартал исто така беше успешен, а на полугодишно ниво остваривме деловен резултат пред оданочување од 110 милиони евра. Задоволни сме со постигнатото и, имајќи ги предвид моментално познатите и очекувани деловни околности, до крајот на годината ја зголемуваме нашата прогноза за годишниот деловен резултат пред оданочување во 2025-та година. Првично планиравме меѓу 130 и 150 милиони евра, но сега проценуваме дека ќе оствариме меѓу 140 и 160 милиони евра.
Исклучително добрите полугодишни резултати, главно се должат на значителниот раст на премијата. Тоа произлегува од зголемениот обем на осигурување кај клиентите, успешното работење на меѓународниот пазар на реосигурување и осигурување, како и поволните отштетни побарувања. Во согласност со стратешката амбиција за поголема интернационализација на Триглав, дополнително го намаливме уделот на Словенија во составот на премијата, кој на полугодието изнесуваше 52 проценти, а го зајакнавме уделот на меѓународното работење. Успешно ја подобривме профитабилноста на сите осигурителни пазари, што е видливо и од поволниот комбиниран количник.
Како и досега, конзервативно управувавме со инвестициското портфолио. Затоа, неизвесната состојба на финансиските пазари немаше поголемо влијание врз резултатот на инвестицискиот сегмент, но во одредена мера влијаеше врз профитабилноста и вредноста на финансиските инвестиции и средствата во управувањето со имот.
Оваа година, групација Триглав доби подобрена кредитна оцена „A+“ од S&P Global, со стабилни среднорочни изгледи. Остануваме добро капитализирани и финансиски стабилни, а нашите деловни резултати и идни изгледи се одразуваат и на вредноста на акцијата на Триглав. Си поставивме високи стратешки амбиции до 2030-та година и, со тим од повеќе од 5.000 посветени вработени, напорно работиме на нивното остварување.“
Членот на Управниот одбор на заваровалница Триглав, Урош Иванц, изјави:
„За добриот полугодишен резултат на групација Триглав најмногу придонесе резултатот во сегментот имот, каде што, покрај поволните отштетни побарувања, го зголемивме обемот на осигурителното портфолио и остваривме висока профитабилност, заедно со солидни резултати од инвестицискиот дел. Во сегментот ѓивот, ја задржавме профитабилноста на новите склучени договори, со истовремено зголемување на резултатите на сегментот. Сегментот здравство, каде што минатата година го реструктуиравме деловниот модел, забележа негативен резултат. Ова го очекувавме и очекуваме дека променливоста ќе продолжи и во иднина. Во сегментот управување со средства, ги зголемивме приходите од провизии и деловниот обем, додека резултатот од сопствените вложувања на групација Триглав во овој сегмент опадна во споредба со претходната година, што е последица на состојбата на финансиските пазари.“






