недела, 14 декември 2025

Исфрлени 45 тони вода од хеликоптерот „бел-412“ врз пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер „бел-412“ денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, информира МВР.

Објавено на

часот

Сподели

И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради, чад полицискиот хеликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање на пожарот под контрола.

Пожарот, според ЦУК, и покрај интервенциите од воздух, сè уште е надвор од контрола. Чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел.

Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре. За утре е планирано акциите да почнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ