понеделник, 22 декември 2025

Исени: Веќе нема место за недопирливи идоли кои мислат дека можат да владеат со презир

Наместо сериозна опозициска алтернатива, наместо идеи, проекти или платформа за убедување на гласачите, Али Ахмети избра да ја започне кампањата со зборот „кучиња“. Така, со уличен речник, се обиде да ги етикетира своите политички противници, напиша на својот фејсбук профил новинарот Џенур Исени по вечерашниот говор на лидерот на ДУИ, Али Ахмети на конвенцијата на партијата на која беа промовирани каднидатите за градоначалници и советници за претстојните локални избори.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Ова не е политика, ова е нервен излив од оние кои чувствуваат дека им поминало времето. ДУИ денес е во опозиција и како што бара демократијата, опозицијата мора да биде подготвена, мудра и фокусирана на потребите на граѓаните. Но, кога нејзиниот историски лидер ќе одлучи да го спушти нивото на дебатата на кал, тогаш е јасно, тие немаат што да кажат, освен навреди. Веќе нема место за недопирливи идоли, за ‘команданти’ кои мислат дека можат да владеат со презир. Времето за ароганција е завршено. Дојде време за почит кон граѓанинот, но и кон политичкиот противник. Албанците не се кучиња и веќе не се овци. Ниско, дури и многу ниско!!“, напиша Исени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ