Како што информираа од ЈП „Македонијапат“, екипи за одржување на патот интервенираа и почнаа со расчистување на одроните.
„Во моментов, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Дел од одроните се веќе исчистени, а останатите ќе бидат отстранети во наредниот ден“, информираа од претпријатието.
Возачите се повикуваат да возат внимателно и според условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.






