Како што информираа од Крајбрежната служба на Грција, во попладневните часови вчера, крајбрежните власти на Солун и Неа Мудања биле известени од Единствениот центар за координација на истрага и спасување на Крајбрежната служба „за 63-годишна исчезната странска пливачка, во морскиот регион кај Неа Каликратија“.
„Веднаш беше активиран локалниот план за итни случаи, при што во акцијата беа вклучени еден патролен брод на Крајбрежната служба и три приватни брода, а во потрагата на копно учествуваа и две патролни возила. Капачката беше пронајдена на копно, во областа на Неа Каликратија, во добра здравствена состојба и според нејзината изјава, не сакаше медицинска помош“, соопштија од Крајбрежната служба на Грција јави дописничката на МИА од Атина.






