„Во фактурите на ЕВН востановена е графа „Начин на кој е прочитано броилото: О = Отчитано; М = Проценета состојба“, со што на потрошувачите им се фактурира струја според проценки наместо според фактичка потрошувачка. Ова, претставува спротивставување на законот, правна несигурност и ризик граѓаните неправедно да бидат исклучени од мрежата како должници.
Со овој потег, преземен е финален чекор во справувањето со самоволието на ЕВН и од Уставниот суд се бара да се стави крај на праксата на паушално фактурирање“, се наведува во соопштението од ИНРМ.






