четврток, 22 јануари 2026

Инженерите што ја измислија македонската формула на средба со министерката Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска имаше средба со студентите инженери од проектот „Македонска Формула“ – тимот МЕС рејсинг, првиот и единствен македонски Формула студент тим, кој успешно ја претставува Македонија на меѓународната инженерска и технолошка сцена.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, студентите ги презентираа својот проект, визијата и досегашните активност преку кои младите инженери стекнуваат практични знаења и работат по принципи на реална инженерска компанија развивајќи иновативни решенија и современи технологии. На проектот работат четириесетина студенти од разни факултети и секој во рамките на својата област дава придонес за развој на овој проект.

Министерката, се додава, ја нагласи важноста од континуирана институционална поддршка за младите инженери потенцирајќи дека инвестицијата во нивното знаење, креативност и иновации е директна инвестиција во иднината на државата. Таа истакна дека ваквите студентски иницијативи се од исклучително значење за развојот на техничките науки, јакнењето на домашниот инженерски кадар и задржувањето на младите таленти во земјата.

„Наш приоритет е да создадеме средина во која младите инженери ќе бидат охрабрени, поддржани и мотивирани да ги развиваат своите идеи и иновации. Проектите како ‘Македонска формула’ покажуваат дека Македонија има знаење, визија и потенцијал да биде дел од европската и светската инженерска заедница“, истакна Божиновска.

Од тимот МЕС рејсинг нагласија дека поддршката и соработката со институциите претставуваат значаен поттик за понатамошен развој на студентското инженерство, како и за унапредување на практичната едукација и технолошките капацитети во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ