понеделник, 8 декември 2025

Инженери на Македонија: Животната средина не смее да биде заложник на дезинформации

Здружението на инженери за животна средина, со поддршка на десетици
еколошки организации и професионални здруженија, денеска упатија апел до граѓаните и до локалната заедница во пресрет на претстојните локални избори, нагласувајќи дека животната средина не смее да биде поле за политички игри и дезинформации.

Објавено на

часот

Сподели

Во изминатиот период сме сведоци на бројни ветувања и изјави поврзани со
екологија, квалитетот на живот и здравата животна средина, кои, за жал,
често се темелат на политички интереси наместо на стручни анализи и
научно засновани решенија, велат од Здружението на инженери на Македонија.

„Таквите појави ја нарушуваат довербата кај јавноста, создаваат несигурност и го одвлекуваат вниманието од вистинските предизвици и решенија, притоа забавувајќи го зелениот развој. Здружението упатува порака до кандидатите за градоначалници и носители на јавни функции да не ја користат животната средина како средство за собирање политички поени, туку да се водат од европските зелени политики, стручните анализи и вистинските потреби на граѓаните. Истовремено, до граѓаните упатуваме апел да бараат конкретни, мерливи и одговорни еколошки решенија во програмите на кандидатите, а не празни ветувања. Граѓаните се повикуваат да ги оценуваат изборните програми низ призма на стручност, одговорност и усогласеност со европските зелени политики до 2030 година“, велат од здружението.

Како клучни приоритети на локално ниво, од здружението издвојуваат неколку области како што се чист воздух и управување со загадувањето – модерен и одржлив јавен превоз, подобрена мобилност, енергетска ефикасност, строги и редовни
инспекциски контроли на загадувачите, поддршка за компаниите кои инвестираат во нови и модерни технологии кои не загадуваат, зголемување на урбаното зеленило и инвестирање во зелена инфраструктура, управување со отпадот – затворање на дивите депонии, изградба на регионални центри, селекција и рециклирање, Заштита на локалните водни ресурси – чиста и достапна вода за пиење, изградба на пречистителни станици, контрола на индустриските отпадни води и ревитализација на речните екосистеми, заштита на природата и биодиверзитетот – грижа за шумите и парковите, воведување решенија базирани на природата во урбаното и руралното
планирање и одржливо управување со природните ресурси и заштитените
подрачја.

„Само преку стручни одлуки и заедничка акција можеме да изградиме
здрави, чисти и одржливи општини за сегашните и идните генерации“, велат од Здружението на инженери на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ