„Последното што го разгледувавме беше податокот дека за една и пол година повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието. Од нив, речиси 56-57 милиони евра се дел од програмата АА, така што образованието е еден од наште главни приоритети како Влада и продолжуваме и натаму да инвестираме бидејќи, без квалитетно образование, нема иднина“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на целосно реконструираната спортска сала во Кратово.
И овој објект, додаде, е дел од овие инвестиции во инфраструктурата.
„Овој објект е дел од овие инвестиции. Има повеќе од 160-170 проекти во државата предвидени за инвестирање во делот на образованието, во училишта, студентски домови…, нешто што е императив за оваа Влада“, рече македонскиот премиер.






