понеделник, 2 март 2026
За поголема безбедност во борба со криминалот

Интервентната полиција доби тактички елеци од обложувалницата Моцарт (ВИДЕО)

Обложувалницата Моцарт денес ги посети припадниците на Интервентната полиција и им додели донација од тактички елеци за поголема безбедност во справување со криминалот. Од обложувалницата Моцарт велат дека даваат поддршка на оние кои се секогаш тука за нас, а денес, тие се тука за нив, бидејќи се грижат за безбедноста на сите граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

Интервентната полиција во изминатиот период се етаблира како еден од носечките столбови на безбедносниот систем, со висока оперативна подготвеност, мобилност и професионалност. Со своето брзо реагирање и координирано делување, единицата континуирано придонесува за одржување на јавниот ред и мир.

Интервентната полиција често е прва на терен во ситуации што бараат итна интервенција и е клучен фактор во заштитата на граѓаните. Резултатите што ги постигнува не се случајни, туку се производ на посветеност, храброст, дисциплина и тимска работа. Намалувањето на разбојништвата во Скопје за околу 40 проценти претставува јасен показател за нејзината ефикасност и успешност во справувањето со криминалните појави.

За шест години постоење, единицата се наметна како суштинска безбедносна алатка во рамките на полицискиот систем, подготвена да одговори на сите облици на криминал, со посебен фокус на уличниот криминал, каде што нејзината улога е од првостепено значење.

Таа е меѓу првите што реагираат при настани поврзани со нарушување на јавниот ред, насилство и други безбедносни ризици во урбаните средини.

Работата за оние кои се дел од Интервентната полиција значи чест и гордост, но и голема одговорност. Со посветеноста и професионалноста на секој припадник се гради довербата кај граѓаните и се придонесува главниот град да биде побезбедно место за живеење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ