петок, 9 мај 2025

Интерпелација од Левица по десет основи за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски

Пратеничката група на Левица денеска поденесе интерпелација за министерот за внатрешни работи. 

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција во Собранието кажа дека причина за интерпелацијата е поради тоа што тој од позиција на министер за внатрешни работи грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција постапувајќи нестручно, непрофионално, несовесно и неодговорно ,поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во Министерството за внатрешни работи.

„Интерпелацијата ни е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првата основа е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изрично законска обврска на МВР“, рече Јанчев.

Првата основ е, како што кажа, немањето никаква контрола врз дискотеката „Пулс” во Кочани.

„Согласно Законот за угостителска дејност, МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир. Дополнително изрични законски надлежности на МВР се и проверка на работно време, проверка на гласност и бучава, присуство на малолетници, точење алкохол и употреба на наркотични супстанци“, рече Јанчев.

Додаде дека МВР потфрлила и дека долг период се избегнува во истрагата за случајот да се вклучат и функционери и носители на функции блиски до ДПМНЕ. Според Јаснчев, министерот Тошковски има директно командна одговорност.

Втората основа е нелегалната употреба на пиротехнички средства.

„Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, МВР води евиденција за изададени одобренија за набавка на пиротехнички средства. Согласно Законот за промет на експлозивни материи, МВР е овластен и надлежен орган да забрани ракување со пиротехнички средства на лица кои не се стручни, оспособени и лиценцирани за тоа“, рече Јанчев.

Третата основ е неукажувањето помош од страна на полицајци, четвртата е непроцесирање на Фејсбук-закани упатени кон критичарите на власта, петтата основа е забраната за дронови со цел задушување на протестите, шестата – апсењето на граѓани во Гостиварско кои чистеле стара црква, потоа – непостапувањето при палењето на македонското знаме, кражба на марихуана која ја чувала полицијата, оддавање на службена тајна од страна на телохранител на премиерот и десетата основа е катастрофална кадровска политика – исполнета со непотизам и кронизам.

„Сашо Петрушевски, истакнат кадар на владиниот коалиционен партнер ЗНАМ, е именуван за државен секретар во Министерството, а човекот имаше обвинение за местење тендери и финансиски злоупотреби. Сомнително кадрово решение е и Оливер Дерковски, кој е поставен за советник на министерот Тошковски. Дерковски е поврзан со контроверзи од типот на финансиски малверзации и злоупотреба на службена позиција во ДИК“, рече Јанчев.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ