Една од локациите под надзор била улицата „Антон Панов“, каде што често се фрла отпад од стари моторни возила и на приватно и на јавно земјиште. Општинските инспектори, во соработка со СВР Струмица, обезбедиле материјални докази кои ќе бидат искористени за кривичен прогон.
Во наведениот период, општинскиот инспектор за животна средина извршил 12 вонредни надзори, комуналните инспектори 17, а градежните инспектори 14 вонредни инспекциски контроли.
На правните и физички лица кои не ги почитувале законските обврски ќе им бидат поднесени соодветни пријави.
Секторот за инспекциски работи апелира до сите граѓани и стопански субјекти да работат и да се однесуваат согласно законите, со цел намалување на аерозагадувањето и подобрување на јавната чистота во Општина Струмица.






