На новинарско прашање што е преземено во врска со работењето на фирмата, Меџити денеска упати на информации кај раководителот на инспекторатот, кој сега функционира во рамки на МЖСПП.
Град Скопје вчера информираше дека на месотото на хаваријата биле пратени екипи на ТППЕ Скопје за изолирање на инцидентот, а инспекторите од Град Скопје изготвиле записник за хаваријата.
Како што информираше Град Скопје, за ваков вид хаварија покрај паричната казна за сторителот од 45.000 евра, следува и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот.
Град Скопје апелираше Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Општина Кисела Вода, под чија надлежност е објектот, да постапат согласно надлежностите.
„Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице Екопор не презело мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес. За овој објект, кој е под надлежност на Општина Кисела Вода, апелираме до Општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата“, наведе Град Скопје во соопштение.