четврток, 26 март 2026

Инспекција во РЕК Битола: земени мостри по сомнеж за труење со храна на околу 120 лица

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) вчера извршиле вонреден инспекциски надзор во кујната на оператор кој вршел снабдување со храна за РЕК Битола, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна. Досега околу 120 вработени во комбинатот побарале лекарска помош поради стомачни тегоби.

Објавено на

часот

Сподели

Мензата ќе остане затворена се  до добивање на конечните резултати, а во меѓувреме инспекторите наредиле вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и санитарни прегледи за сите вработени.

Контролата била спроведена во координација со Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје и Државен санитарен и здравствен инспекторат. При надзорот биле земени мостри од храна, како и брисеви од работни површини, како и од рацете и носот на вработените лица затекнати во кујната.

Согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за алиментарни инфекции и интоксикации, кујната е привремено затворена. Надлежните изрекле забрана за подготовка и послужување храна сè до завршување на инспекциската постапка и добивање на резултатите од лабораториските анализи.

Дополнително, наложено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата, како и спроведување на санитарни прегледи за сите вработени.

Како што вчера објавивме, осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ