понеделник, 14 јули 2025

Иницијативата „Нула“ бара да се изгради спомен парк во чест на 14 починати во модуларната болница во Тетово

Иницијативата „Нула“ денеска заедно со семејствата на 14-те починатите во пожарот во модуларна болница поднесе предлог барање во Општина Тетово на тоа место да се направи спомен-парк со 14 клупи. Предлогот е доставен до градоначалникот на Тетово Билал Касами, до претседателот на Советот на Општина Тетово, Наим Исмаили и до министерот за здравство, Азир Алиу.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес сме тука за да се потсетиме и да побараме нешто едноставно: достоинство за оние што беа живи изгорени во еден систем што ги остави незаштитени. Минати се речиси четири години од трагедијата во модуларната болница во Тетово. Но сè уште не стигнала целосната правда, но не прифаќаме ни молк. Бараме таа болна локација да се претвори во спомен-парк со 14 клупи, во сеќавање на 14-те жртви, за оваа трагедија никогаш да не се заборави“, рече Мумин Исмаили, претставник на семејствата.

Од семејствата велат дека за нив е потресно и болно да го гледаат тоа место каде што се случи една од најстрашните трагедии во Тетово, да биде заборавено ќоше – преполно со стари автомобили, прав и рамнодушност.

„На местото каде што живи изгореа 14 граѓани, каде што болката некогаш беше гласна и присутна, денес владее молк и негрижа. Тоа не е само недостаток на почит –  тоа е нова рана врз старата што сè уште не е зарасната, Овој парк ќе биде место за сеќавање. Ќе биде простор за размисла. Ќе биде повик никогаш повеќе – никаде и никому – да не му се случи вакво нешто. Апелираме до институциите да постапат со одговорност – не за нас, туку за општеството, за иднината, за новите генерации што не смеат да растат во земја каде што човечки животи починат не од трагедии туку од корупцијата никој не одговара“, истакна Исмаили. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ