Како што информира денеска министерката Сања Божиновска, целта е рубинот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото.
Овој рубин од цела Европа го има само кај нас. Нуспроизвод е од мермерот и засега се продава како дел од накит.
„Сметаме дека рубинот треба да се заштити, од него да направиме бренд по кој ќе бидеме препознатливи“, истакна министерката на брифинг со новинарите.






