недела, 15 јуни 2025

Иницијатива на ЗЕЛС за центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправа

Состанок посветен на разгледување на можностите за децентрализација на социјалните услуги се одржал денеска во просториите на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Објавено на

часот

Сподели

Се дискутирало за иницијативата центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправа. Овој чекор, според ЗЕЛС, се гледа како клучен во насока на подобрување на пристапот и квалитетот на социјалните услуги, како и за зајакнување на координацијата меѓу локалните и централните институции.

Општина Кисела Вода информира дека со пренесувањето на надлежноста, општините би добиле поголема улога во управувањето со центрите за социјална работа, кои и понатаму би функционирале во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Тоа би овозможило поконкретен и поефикасен пристап во грижата за граѓаните, особено за ранливите категории.

„Секако дека треба да се одбере модел кој е проверен и базиран врз регионалното искуство. Децентрализацијата на социјалните услуги значи поголема достапност за граѓаните, побрза реакција на институциите и креирање функционален систем кој ќе одговара на реалните потреби на локалното население. Локалната самоуправа е најблиску до граѓаните – затоа таа треба да има клучна улога во грижата за нив“, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

На состанокот, покрај  Ѓорѓиевски, присуствувале и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, кој воедно е и претседател на Комисијата за социјални прашања при ЗЕЛС, како и други градоначалници и претставници на локалната самоуправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ