четврток, 11 декември 2025

Инер вил клуб Скопје организира настан по повод Меѓународниот ден на толеранцијата

Inner Wheel клуб Скопје Еуропеа годинава по деветти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранција 16 ноември, со настан под слоганот Осамени и ние и тие (како се започна). Оваа тема ја третира осаменоста на повеќе категории граѓани.

 

Објавено на

часот

Сподели

Трибината ќе се одржи на 19 ноември во Кинотека на Македонија, со почеток во 18:30 часот.

Настанот ќе го отвори претседателката на клубот, Гена Теодосиевска. Потоа следува проекцијата на краткиот игран филм „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска.

На трибината со свои искажувања учество ќе земат: Лаура Салиу, претставник на социјалниот сервис Итно копче при Црвен крст на град Скопје, Елеонора Андонова, социјален работник при Црвен крст на град Скопје, Ивона Ѓорѓиева, психолог од Црвен крст на град Скопје, Тиана Ивановска, психолог од центарот Себесложувалка и Игор Џамбазов, актер

Модератор на настанот ќе биде Гена Теодосиевска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ