Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемување од 26.5 %.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи пораст кај енергија за 25.9 %, интермедијарни производи, освен енергија за 10.5 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај капитални производи за 9.2 % и трајни производи за широка потрошувачка за 17.6 %.
Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024, е зголемено за 2.4 %.






