понеделник, 15 декември 2025

Индустриските производи во јуни поскапи за 5,3 проценти на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 0,2 проценти во јуни во однос на мај годинава, а за 5,3 проценти споредено со јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува ДЗС, во јуни, на месечно ниво, има зголемување на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,7 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4 проценти.

На годишно ниво, пак, цените се зголемени во групите енергија за 8 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ