петок, 26 декември 2025

Импровизирани креветчиња во канцелариите на Министерството за односи меѓу заедниците (ВИДЕО)

Иван Стоилковиќ, министерот за односи меѓу заедниците на својот фејсбук-профил објави видео во кое се гледа како изгледааа канцелариите на седуммина избркани Албанци од работа во тоа министерство. Објавата на видеото следуваше откако ДУИ обвини за дискриминација поради тоа што од министерството се отпуштени „седуммина Албанци“.

Објавено на

часот

Сподели

Стоилковиќ објави снимка од канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службениците кои во неа работеле, а пред два дена биле отпуштени. Тие се испратени да си спијат дома, вели министерот.

„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која ‘работеа’ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку“, напиша вчера на својот фејсбук-профил Стоилковиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ