петок, 5 декември 2025

Именувани повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

На денешната 131-ва седница, Владата ги именува: Онер Јакупоски за повереник за општина Маврово Ростуше, Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата на денешната 131-ва седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и Советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна општина не е исполнет во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа“, се вели во денешното соопштение на Владата.

Во однос на известувањето од ДИК, согласно член 134 став 2 од Изборниот законик Владата ги именуваше поверениците за вршење на работите од надлежност на градоначалник. Воедно, согласно член 134 став 3 ќе го извести претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ