понеделник, 6 април 2026

Имаме план како да се справиме со кризата со енергенси, вели Митева

Кога станува збор за криза со енергенси, неопходно е да се води сметка за целокупната стабилност. Горда сум на Владата која покажа повисоко ниво на одговорност и справување со кризата, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за ТВ Алфа и се осврна на владините мерки за цените на горивата.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата уште пред две недели имаше вондредна владина седница, на која што тогаш ја донесе онаа првична мерка за намалување на ДДВ од 18% на 10%. Секојдневно неколку пати во денот се одржуваа и состаноци и координации по однос на оваа тема, се со цел да ги следиме активно состојбите, за да дојдеме до конкретни мерки коишто директно ќе помогнат на граѓаните“, рече Митева и додаде дека Владата превенирала дополнителни ценовни шокови, што и покрај непредвидливоста на ситуацијата, има јасен план за справување со кризата.

„Така беше и оваа недела, по истекување на тие две недели, повторно на владина седница се донесоа нови мерки, со кои што се продолжи онаа прва мерка за намалување на ДДВ и воедно се донесе и намалување на акцизата, со што ние превениравме дополнителни ценовни шокови, односно поскапување на горивата со оваа одлука која што денеска ја имаше Регулаторната комисија за енергетика. Состојбата е навистина непредидлива, се менува од ден за ден, ги следиме цените на берзите, но сме Влада која што навистина има план како да се справи со оваа ситуација. За речии две години Владата на ВМРО-ДПМНЕ во сите квартали имаше раст на БДП и поради тоа можеме да менаџираме со евентуални кризи“, рече Митева.

„Веќе одминуваат речии две години од мандатот, и можам да кажам дека ние сите изминати шест квартали имавме раст на БДП од 3%. Тоа донесе една подруга стабилност на оваа Влада, да може да ги менаџира евентуалните кризи коишто би настанале“, кажа Митева.

Таа вели дека Владата води долгорочни економски политики со фокус на стабилност за граѓаните.

„Ништо не се случува преку ноќ, ништо не е случајно во водењето на тие политики. Ние постојано говоревме дека економијата мора да биде прироритет, дека мора да мислиме и на граѓаните и на бизнис секторот да не дозволиме да има големи потреси, така што очекувам дека и во идниот период, доколку состојбата ескалира, доколку навистина станува збор за фактори кои што не зависат од нас, ние сме спремни да реагираме како Влада соодветно и навремено. Можеме да посведочиме и на други медиуми ширум регионот коишто ја потенцираат и зборуваат за Македонија како земја којашто во моментов ма навистина најниски цени на горивата“.

Според неа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја прикажува државата во подобро светло, за што вели и дека наместо граѓаните да заминуваат надвор од границите на земјата како за време на владеењето на претходната влада, сега има зголемен прилив.

„Навистина покажавме едно подруго светло, за разлика од она како ние бевме презентирани како држава изминатите 7 години под раководство на СДСМ и ДУИ. Бевме држава која што молеше за помош и на која што секој гледаше со сожалување, имавме редици на колони на возила коишто ги напуштаа границите за да земат нешто од соседна држава, а сега имаме колони кои доаѓаат. Тоа е клучната разлика, која што ја потврдува тезата дека Владата успеа да остане стабилна во едни вакви состојби“, посочи Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ