вторник, 24 март 2026

Имаме доволно гориво и струја, Македонија генерира стабилност во регионот – уверува премиерот

Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, иако и луѓе од соседството точат бензин на нашите пумпи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Намирени се и потребите за струја, но сепак е можно повлекување мазут од државните резерви.

Објавено на

часот

Сподели

Како што напомена Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот суд, за речиси 10 отсто вкупно е зголемена потребата на гориво во земјата. Нафтоводот е во целосна функција, што претставува дополнителна сигурност, складовите се полни во согласност со законот, а државните резерви се за шеесетина дена.

Премиерот додаде и дека, според негова информација, некои од околните аеродроми се снабдуваат со керозин кај нас.

„Од земја што коленичеше и молеше, Македонија станува држава што генерира стабилност во регионот“, потенцира Мицкоски.

„Имаме апсолутно доволно количини гориво за потребите на граѓаните и бизнисот. Зголемена е потребата во одредени погранични области, со Албанија, Косово, Србија и со Грција. Вкупната потреба е зголемена за речиси 10 отсто. Граѓани од соседството тука точат гориво, зашто кај нас цената во некои случаи е пониска и до половина евроценти за литар. За разлика од минатото кога како земја коленичевме и молевме за помош, сега сме ние тие што генерираат стабилност и даваат помош. И нафтоводот е во целосна функција, цевката е полна, што претставува дополнителна сигурност, складовите се полни во согласност со законот, државните резерви се за шеесетина дена, така што во овој момент апсолутно нема никаква потреба од таква мерка. И не само со дизел-горивата и со безоловните бензини со 95 и 98 октани, информиран сум дека и некои од околните аеродроми се снабдуваат со керозин од ‘Окта’, односно кај нас. Така што од земја која, ќе повторам, коленичеше и молеше, стануваме земја што генерира стабилност во регионот. Се разбира, предизвици има и ќе има. И тие предизвици ние ќе ги решаваме. Но, она што е најважно и ни е приоритет е дека како држава имаме најниска цена за горивата за нашите граѓани и за бизнисот“, истакна премиерот.

На прашањето дали се размислува да се одврзат резервите на мазут за производство на струја, тој одговори потврдно.

„Во овој момент размилсуваме, но добивме и информација дека оние количини што требаше да се повлечат на крајот од минатата година, кога беше прогласена кризна состојба, приближно 3.000 тони, не се целосно повлечени. Така што можеби ќе ја оживееме оваа одлука, да се повлечат овие количини, па потоа евентуално би оделе со нова одлука. Денеска сум информиран од директоорт на АД ЕСМ дека не само што ги задовлуваат потребите на граѓаните и на бизнисот, туку и продаваат навечер, со што имаме дополнитлни приходи од страна на потрошувачите“, потенцира Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ